ИНФОРМАЦИЈА

Во рамки на претстојното Европско Првенство (Унгарија – Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација со вчерашниот собир во Х. Александар Палас го започна вториот дел од подготовките.

Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а во истиот период (3ти и 4-ти Јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел кои ќе бидат од затворен тип.

Согласно протоколите за учество одредени од Европската Ракометна Федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид – 19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни. Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13.01.2022 во 18:00 часот.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Во рамки на IHF Неделата за едукација на ракометни тренери и ракометни судии, во организација на International

Тренер/Селекторот на женската кадетска ракометна репрезентација Јулијана Дамчевска го објавува списокот на повикани ракометарки за претстојното WOMEN’S 19 EHF EURO

Тренер/Селекторот на женската кадетска ракометна репрезентација, г-ѓа Јулијана Дамчевска го објавува списокот на

Информација

Почитувани, Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35