Информација

Почитувани спортски пријатели,

Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Црна Гора и македонската национална женска селекција кој ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ на 07.10.2021 г. (четврток) со почеток во 20:15 часот влезот е слободен.

Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 (Сл.Весник бр.199 од 25.08.2021 г.)  дозволен е максимум 30% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :

– сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Во рамки на претстојното Европско Првенство (Унгарија – Словачка) 2022, македонската сениорска репрезентација