Франција го објави составот за дуелот со Македонија

Франција го објави составот за дуелот со Македонија

Актуелниот светски машки ракометен првак гостува на 29 април во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2016 година, а францускиот селектор Клод Онеста повика 21 ракометар.

Повратник во францускиот состав е Лук Абало, десното крило на ПСЖ кое о пропушти Мундијалот во Катар поради победа. Никола Карабатиќ во поле, Тјер Омејер на гол-линијата се незаменливи и неопходни во дримтимот на Франција, а има и едно ново име. Станува збор за 27-годишниот Никола Клер, среден бек кој настапува во Нант.

 

СПИСОК НА ФРАНЦИЈА

ГОЛМАНИ: Тјери Омејер (ПСЖ), Сирил Димулен (Тулуз), Венсан Жерар (Данкерк), Веслe Парден (Тулуз)

ЛЕВИ БЕКОВИ: Вилијам Акамбре (ПСЖ), Тимотe Н’Гесан

СРЕДНИ БЕКОВИ: Никола Клер (Нант), Никола Карабатиќ (Барселона), Даниел Нарсис (ПСЖ), Кантен Mae (Хамбург)

ДЕСНИ БЕКОВИ: Ксавиер Бараше (ПСЖ), Аликс Нјокас (Гепинген), Валентин Порт (Тулуз)

ЛЕВИ КРИЛА: Мишел Гигу (Монпелје), Самуел Онрубија (ПСЖ)

ДЕСНИ КРИЛА: Лук Абало (ПСЖ), Гијом Жоли (Вецлар)

ПИВОТИ: Бенжамин Афгур (Данкерк), Игор Аниќ (Нант), Лука Карабатиќ (Екс), Седрик Сорендо (Барселона)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како