Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес донесе одлука да ги откаже сите квалификациски бараж натпревари за пласман на СП 2021 во Египет.
Од Европа на СП 2021 во Египет директно се пласираа 14-те најдобри репрезентации од ЕП (Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Данска).
Македонија на ЕП заврши на 15-то место, а за противник во бараж дуелите за пласман на СП 2021 ја имаше репрезентацијата на Франција.
Откажани се и квалификациските натпревари на женската сениорска репрезентација. Нашата репрезентација беше во група со Шведска, Чешка и Португалија. Во групната фаза нашата репрезентација по две одиграни кола имаше два пораза од селекциите на Шведска и Чешка.