Селекторот на Кадетската машка репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, објави широк список од 46 млади ракометари од генерацијата 2000 и помали, чиј развој и напредок детално ќе се следи во наредниот период, како подготовка за Светското Кадетско Првенство што во 2019 година ќе се игра во нашата земја.
Дел од 46-те ракометари ќе бидат дополнително повикани за првиот собир на репрезентацијата кој е закажан за 22 октомври во Скопје, а од тие ракометари по неколкудневните тренинзи во салата Автокоманда ќе биде избран кадетскиот состав на Македонија кој ќе настапи на Меѓународниот турнир во Плок, Полска, во периодот од 26 до 29 октомври 2017 година.
ШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА
МАШКА КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Оваа пред-селекција е дел од долгорочната подготовка на Кадетската репрезентација за настапот на Светското Првенство во 2019 година, чиј домаќин ќе биде Скопје. Тренерскиот стручен тим и натаму детално ќе го следи развојот и напредокот на сите овие млади играчи низ редовните настапи за своите клубови, со цел што подобро да ја подготви репрезентацијата за големиот настан.