РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра на сениорската репрезентација за пласман во втората фаза на СП Франција 2017

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра на сениорската репрезентација за пласман во втората фаза на СП Франција 2017

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското Првенство во Франција 2017.

На Мундијалот што се играше во јануари 2017, Македонија успешно ја мина групната фаза со победите над Тунис, Ангола и нерешениот исход со Исланд, со што се пласираше во осминафиналната елиминациска фаза. Во осминафиналето, Македонија беше поразена од финалистот на Светското Првенство, репрезентацијата на Норвешка.

Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015).

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024