Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за СП Германија 2017.
Успешниот настап во квалификациската група што се играше на Фарски Острови, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки на бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2017 година, во чии рамки најпрво ќе бидат домаќини на Швеѓанките, додека вториот натпревар ќе се игра на гостински терен.
Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство Германија 2017.