Пред вечерниот тренинг во салата „Јане Сандански“, Претседателот на РФМ Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски, ги посетија репрезентативците, при што низ краток работен состанок поразговараа за претстојниот квалификациски турнир за Олимписките игри.
Мукаетов се обрати на комплетната екипа изразувајќи максимална поддршка и верба во квалитетите, за исполнување на целта и испишување на нова страница во македонската спортска историја. Се надоврзаа и селекторот Ивица Обрван и капитенот Кире Лазаров, кои го изразија своето задоволство од елитните услови, добрата работа и одличната атмосфера во репрезентацијата што даваат дополнителна мотивација за успех на турнирот во Гданск.
Претседателот на РФМ, при посетата на репрезентацијата, му врачи и мал подарок на Велко Маркоски кој денеска го прослави својот 30-ти роденден.
По состанокот, кој продолжи работно со видео-анализа на противниците во Гдањск, репрезентацијата го одржа и редовниот вечерен тренинг во салата „Јане Сандански“. Тренинзи се предвидени и во текот на утрешниот ден, а во четврток рано изутрина ќе се патува Полска.
Вечерниот тренинг на македонската ракометна репрезентација го посетија претставници на Македонскиот Олимписки Комитет: Претседателот на МОК, Д-р Васил Тупурковски; спортскиот директор, г. Владимир Богоевски и генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски.
Пред заминувањето, поточно во среда на 6 април, со почеток од 13.00 часот во „Сити Хол“ во Скопје, РФМ ќе одржи прес-конференција.