Машката пионерска ракометна репрезентација на Македонија (М16) го одржа својот собир во спортската сала „Расадник“ во Скопје, во пресрет на претстојниот турнир од Регионалниот Челинџ Куп У16, кој ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора.
Нашите млади репрезентативци ќе ги одмерат силите со селекциите на Црна Гора и Косово, во рамки на групата Ц.
06.11.2026 (петок) I 18:00 часот I University Sports Hall – Подгорица
Црна Гора – Македонија
07.11.2026 (сабота) I 13:00 часот I Bemax Arena – Подгорица
Македонија – Косово
Им посакуваме многу успех на нашите млади ракометари!









