Денес, во хотел „Александар Палас“, се одржа собирот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, со што официјално започнуваат подготовките за претстојните квалификациски натпревари за ЕХФ ЕУРО 2028.
Нашите репрезентативци, предводени од селекторот г-дин Кирил Лазаров, ги започнуваат подготовките за првиот квалификациски натпревар против Луксембург, кој ќе се одигра на 4 ноември, со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Сите за Македонија!











