Кадетската машка репрезентација на Македонија ќе настапи на Трофеј Карпати во Романија. Турнирот ќе се оддржи во период од 16-ти до 20-ти во Романија во градот Плоешти.
На турнирот во Романија ќе настапат селекциите на Полска, Романија, Македонија и Србија.
Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
- 17.10 – Македонија – Полска 16:00 часот
- 18.10 – Македонија – Романија 16:00 часот
- 19.10 – Македонија – Србија 10:00 часот
Собирот ќе се одржи на ден 14.10.2025 година (Вторник) во 19:00 часот во спортската сала Антон Димитров – Бутел Скопје