Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер е шампион во машка кадетска катергорија за натпреварувачка сезона 2024/25.
Денес во финалето на Ф4 во кадетска машка лига кој се оддигра во Скопје во сс Автокоманда, екипата на РК Еурофарм Пелистер ја совлада екипата на РК Струга со резултат 38:31, а во натпреварот за трето место на Ф4 екипата на РК Пролет 62 беше поуспешна од РК Мулти Есенс со резултат 27:26.
КОНЕЧЕН ПЛАСМА
1. РК Еурофарм Пелистер
2. РК Струга
3. РК Пролет 62
4. РК Мулти Есенс
За најдобар играч (MVP) прогласен беше ракометарот на РК Струга, Стефан Ѓорѓиески.
За најдобар голман беше прогласен Фехми Мелин од РК Еурофарм Пелистер, а играчот на РК Струга Стефан Ѓорѓиески е и најдобра стрелец со постигнати 22 погодоци.