Македонската женска сениорска ракометна репрезентација со пораз од Шведска со 28:18 го стартуваше на Women’s EHF EURO 2024. Ракометарите одиграа борбен натпревар, но на крајот мораа да се помират со убедлив пораз од 39:29.
Нашите најдобри ракометарки одлично го започнаа натпреварот и први поведоа на натпреварот преку Маџоска Симона. Избраничките на Грчески Кристијан одиграа одлично во почетните минути на натпреварот, но ракометарките на Шведска брзо се врати во игра и со серија од 5:0 до 20-тата минуита од натпреварот поведиа со 6:3, а најрасположена ракометарка за Шведска беше Хагман Натали. Следеа неколку технички грешки на нашите ракометарки а истите ракометарките на Шведска ги користеа. На полувреме резултатот беше 15:07 за Шведска.
Второто полувреме започна со серија од многу неизнудени технички грешки од страна на нашите ракометарки, кои ракометарките на Шведска успешно ги казуваа, а по осум минути игра во вториот дел резултат на семафорот беше 20:7. До крајот на натпреварот ракометарките на Шведска оддигра рутински, а за пофалба е Мицеска Јована која запиша 11 интервенции на натпреварот.
Најефикасна ракометарка на натпреварот беше Хагман Натали која постигна девет погодоци, додека за нашата селекиција по три погодоци постигнаа Јанкуловска Марија , Ристовска Сара , Младеновска Ива и Кипријановска Јована.
Во следното коло нашите ракометарки ќе играат против селекцијата на Турција, а натпреварот е предвиден да се оддигра на 30.11.2024 со почеток во 20:30 часот.