Репрезентацијата патува на пријателски натпревари во Словенија

Репрезентацијата патува на пријателски натпревари во Словенија

Машката серниорска ракометна репрезентација на Македонија, попладнево патува за Словенија каде со две тест-средби против домаќинот ќе ги продолжи подготовките за Европското Првенство што почнува на 15 јануари.

Селекторот Ивица Обрван за Словенија повика 21 ракометар, а за пријателските средби во тимот нема да бидат Златко Даскалоски и Мартин Велковски. По враќањето во Скопје, репрезентацијата ќе продолжи со тренинзи а ќе следуваат и уште два натпревари против Црна Гора (10 и 11 јануари), по што селекторот ќе го соопшти и конечниот список за ЕП во Полска.

Нашата репрезентација во Словенија ќе одигра два натпревари против домашниот национален тим – во понеделник од 18:00 часот во Кршко и во вторник од 18:30 часот во Целје.

 

Фото: Спортмедиа.мк

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00

Информација

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член