Младинците со победа го завршија настапот на MEN’S 20 EHF EURO 2024

Младинците со победа го завршија настапот на MEN’S 20 EHF EURO 2024

Младинската машка репрезентација со победа против фаворитот Франција го заврши учеството на MEN’S 20 EHF EURO 2024, и конечниот пласман е на 9-тата позиција на ЕП.

Македонската младинска репрезентација разигруваше за пласман од 9-то до 16-то место на MEN’S 20 EHF EURO 2024, а согласно системот на натпреварување прво оддигра три натпревари против Полска (победа 28:26) , Романија (победа 31:26) и Франција (пораз 18:25), за потоа да оддигра и натпревари за конечен пласман од 9-то до 12-то место.

За конечниот пласман младинците се сретнаа со селекцијата на Унгарија и славеа победа со резултат 27:26, а потоа и во последниот натпревар од ЕП играа против Франција и запишаа уште една победа 30:29 и го завршија настапот на ЕП на 9-тото место.

Младинската машка ракометна репрезентаицја на Македонија обезбеди настап на Светското Првенство во Полска кое ќе се оддржи во 2025 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член