Младинците ќе разигруваат за пласман од 9-то до 16-то место на MEN’S 20 EHF EURO 2024

Младинците ќе разигруваат за пласман од 9-то до 16-то место на MEN’S 20 EHF EURO 2024

Младинската машка репрезентација на Македонија по оддиграните три натпревари во пре-елиминацината рунда запиша една победа и две нерешени средби и се пласираше на втората позиција во групата.

Согласно наптреварувачкиот систе на MEN’S 20 EHF EURO 2024 прво пласираните репрезентации од групите обезбедуваат учество во Главната фаза , а со нив заедно учество обезбедуваат и двете најдобро второ пласирани од групите. Иако нашите млади ракометари имаа одличен скор во групата не успеаа да се пласираат во Главната фаза само заради послабата гол разлика, односно Македонија имаше +10, а селекцијата на Германија која беше дел од Б имаше гол разлика од +16.

Сепак нашите млади ракометари со пласманот во разигрувањето за 9-то до 16-то место обезбедија и учество на Светското Првенство до 21 година кое ќе се оддржи во Полска во 2025 година.

Следни противници на нашите млади надежи се Полска, Франција и Романија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за