Сениорите во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја на 2025 IHF Men’s World Championship

Сениорите во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја на 2025 IHF Men’s World Championship

Вечерва во концертната сала  „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска се оддржа извлекувањето на групите за претстојното 2025 IHF Men’s World Championship кое ќе се оддржи во Хрватска, Данска и Норвешка во периот од 14.01.2025 до 02.02.2025 година.

Сениорската машка репрезентација на извлекувањето беше сместена во третот шешир, а за противници ги доби селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја, а натпреварите ќе се играат во Вараждин, Хрватска.

Распоредот на натпреварите на нашите ракометари е следен:

  • 15.01.2025 – МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА
  • 17.01.2025 – МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА
  • 19.01.2025 – МАКЕДОНИЈА – ГВИНЕЈА

Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза, додека четвртата репрезентација ќе биде дел од Президент Куп. Нашата група Д вкрстува со групата Ц во која се репрезентации Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве известува дека апликациите за акредитации за