Сениорите без шанса за пласман во главната фаза на EHF EURO 2024

Сениорите без шанса за пласман во главната фаза на EHF EURO 2024

Машката сениорска репрезентација со денешниот пораз од репрезентацијата на Германија ги загуби шансите да се пласира во понатамошното натпреварување на EHF EURO 2024. Ракометарите на Германија водеа во текот на целата средба и славеа заслужена и убедлива победа со резултат 25:34.

Ракометарите на Германија први поведоа на натпреварот преку Гола во првата минута од натпреварот за веднаш потоа ракометарите на Македонија преку Јагуриновски да го изедначат резултатот.

Неколкуте грешки на нашите ракометари на почетокот на натпреварот рано и донесоа високо водство на Германија, и по дванаесет минути игра ракометарите на Германија го запишаа најголето водство од пет погодоци. Ракометарите на Гермнија водството го одржуваа и на моменти го зголемуваа , но на полувреме резултатот беше 13:18.

Во второто полувреме ракометарите на Германија ја превземаа контролата на натпреварот и со цврста и стабилна игра во одбраната и со сигурен нападот предност ја зголемуваа од минута во минута. Нашата репрезентација одигра борбено до крај на натпреварот но не успеаа да ја намалат резултатската негатива и крајниот резултат од средбата беше 25:34

Најефикасен ракометар за нашата селекција беше Костески Ненад кој постина седум погодоци, следеа Пешевски Жарко и Јагуриновски Томислав со четири погодоци. На голот на нашата селекција Томовски Мартин запиша пет одбрани.

За нашите ракометари следи уште еден натпревар , и тоа против репрезентацијата на Швајцарија кој треба да се оддигра на 16.01 со почеток во 18:00 часот во Мерцедес Бенц Арената во Берлин.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024