Сениорите со две победи во пријателски средби

Сениорската машка репрезентација во подготвителниот период за настап на Европското првенство во Германија оддигра два пријателски средби со репрезентацијата на Грција.

И на двете оддиграни средби славеше нашата сениорска селекција, односно првиот натпревар кој беше од отворен карактер и се оддигра во СЦ Борис Трајковски, крајниот резултат на натпреварот беше 33:30 за Македонија.

Вториот натпревар беше од затворен карактер исто така се оддигра во СЦ Борис Трајковски, а нашата селекција со погодок од пенал во последните секунди од средбата славеше победа против селекцијата на Грција. Пеналот беше реализиран од Никола Костески. Крајниот резултат на натпреварот беше 29:28.

За машката сениорска селекција следи настапот на EHF EURO 2024 во Германија , а нашата репрезентација е дел од групата заедно со репрезентациите на Германија , Франција и Швајцарија.

Настапот на EHF EURO 2024 за нашата репрезентација започнува на 10.01 против Франција , натпреварот ќе се оддигра на фудбалскиот стадион „Меркур Шпил Арената“.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести