По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (01.09.2024 г.) Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на MEN’S EHF EURO 2024 во Германија,како и наградата во износ од 1.000.000,00 денари за кадетската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на MEN’S EHF EURO 2024 во Германија освојувајќи го 2-то место во групата покрај репрезентациите на Португалија, Луксембург и Турција и го задржа континуитетот за настап на завршниот континентален турнир по 8-ми пат.
Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на 2023 IHF Men’s Youth World Championship , веќе следната година ги очекува учество на M20 EHF EURO 2024 .
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија