Кадетките во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Men’s 18 EHF EURO 2024

Кадетките во првиот шешир во извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Men’s 18 EHF EURO 2024

Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од првиот шешир на претстојното извлекување на квалификациските групи за пласман на Men’s 18 EHF EURO 2024.

На претстојното извлекување ќе учествуваат 20 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири групи по пет репрезентации, а најдобрите две пласирани репрезентации од групите обезбедуваат учество на Men’s 18 EHF EURO 2024 во Црна Гора.

шешир 1: Македонија, Италија, Чешка, Австрија, Израел
шешир 2: Полска, Швајцарија, Романија, Холандија, Украина
шешир 3: Словачка, Турција, Луксембург, Летонија, Грција
шешир 4: Финска, Литванија, Босна и Херцеговина, Косово, Естонија

На Men’s 18 EHF EURO 2024 во Црна Гора до сега учество обезбедија 14 репрезентации. Покрај домаќинот , останатите 13 репрезентации кои се директно пласира на Men’s 18 EHF EURO 2024 согласно ранкингот (Шпанија, Шведска, Германија, Хрватска, Данска, Исланд, Унгарија, Словенија, Португалија, Норвешка, Франција, Србија и Фарски Острови).

Извлекувањето е закажано за 21.07 во 11:30 часот, и ќе може да се проследи во живо на EHFTV.com и YouTube каналот на EHF.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести