Известување за пријава на екипи за учество во натпреварувачка сезона 2023/24

Известување за пријава на екипи за учество во натпреварувачка сезона 2023/24

Ве информираме дека согласно Член 5 од Правилникот за издавање на дозвола за учество во натпреварувачка сезона во систем на натпревари при Ракометна Федерација на Македонија, крајниот рок за пријавување на екипите за учество во систем на натпреварување за сезона 2023/2024 е до 01.07.2023 година.

За пријавање на екипа потребно е да се достават следните документи:

  • Пријава (образец) за учество во лига со потпис и печат од овластено лице
  • Решение за вршење дејност спорт издадено од Aгенција за млади и спорт
  • Тековна состојба од централен регистар, не постар од 3 месеци
  • Поднесена завршна сметка за фискална 2022 година (согласно член 9-б од закон
    за Спорт).

Пријавата за учество во натпреварувачка сезона, клубот ја поднесува до Комисија
за лиценцирање, Натпреварувачка комисија и до Координаторот на лигата.

Координатори на лиги:

  • Супер Лига Мажи (Карбеска Силвана)
  • Женска Супер Лига (Карбеска Силвана)
  • Прва Машка Лига (Металари Камер)
  • Младинска Машка и Женска Лига (Јовчева Марија)
  • Кадетска Машка Лига (Јовчева Марија)
  • Кадетска Женска Лига (Јосифовски Иван)
  • Пионерска Машка и Женска Лига (Јосифовски Иван)

Напомена:
Да се користат формуларите кои се поставени на сајтот на РФМ.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024