Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2.
Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.
Во рамки на ЕХФ Неделата сениорите прво во Луксембург, а натпреварот ќе се оддигра на 26.04 во 20:15 часот, а на 30.04 во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 18:00 часот сениорите ќе го оддиграат и последниот натпревар во квалификацискиот циклус против репрезентацијата на Турција