Вечерва во Таурон Арена во Краков, Полска сениорите го запишаа вториот пораз на Мудинијалот, вечерва беа поразени од селекцијата на Холандија.
Вечерашниот натпревар започна добро за нашата селекција, имавме почетно водство 1:0, 2:1, но како одминуваше време така ракометарите на Холандија ја превземаа контролата на теренот и по десет минута игра имаа четири погодоци предност 04:08, но потоа ракометарите на Македонија со брз и атрактивен ракомет влегоа во серија и успеаа да се вратат во натпреварот. Погодоци постигнуваа Павле Атанасијевиќ и Филип Кузмановски, а резулатот на семафорот беше 09:11. Следеа неколку неуспешни напади на нашата репрезентација, а ракометарите на Холандија ја користеа нашата неефикасност. На полувреме се замина со резултат 11:18.
Во второто полувреме Холандија повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше. Долго време резулатот, односно негативата беше едноцифрена и се движеше околу шест до осум погодоци, но во финишот одново направиме неколку грешки и конечно средбата заврши со резултат 24-34 во корист на ракометарите на Холандија.
За македонската репрезентација најефикасни ракометари беа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски кои постигнаа по четири погодоци, а три пати во листата на стрелци се запишаа Дејан Манасков и Ненад Костески.
Сениорите во вторник против Аргентина ќе играат натпревар за пласман во главната рунда. Натпреварот е закажан во 18:00 часот во Таурон Арена.