Сениорите со втора победа во квалификациите за Men’s EHF EURO 2022

Сениорите со втора победа во квалификациите за Men’s EHF EURO 2022

Денес во Nur Tatar Spor Salonu се одигра натпревар помеѓу сениорските машки селекции на Турција и Македонија. Натпревар од второ коло од квалификациската фаза за пласман на Men’s EHF EURO 2022 кое ќе се одржи во Германија во период од 12.01 до 28.01 2024 година.

Машката сениорска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во вториот натпревар од квалификациите против Турција со резултат 27:36.

Уште од самиот почеток на натпреварот ракометарите на Македонија успеаа да наметнат свој стил на игра и да ги казнуваат грешките на домашната екипа. Резултатот го отвори Жарко Пешевски во 2-рата минута од натпреварот, а водството на нашата селекција постојано се зголемуваше и во 12-тата минута изнесуваше 0:9 со погодок на Дејан Манасков. Првиот погодок за домаќините селекцијата на Турција беше во 14-тата минута преку Каракоч Ерај. До крајот на полувремето се играше гол за гол на двете селекции и на полувреме се замина со резултат 08:17.

Ракометарите на Македонија во второто полувреме постојано имаа контрола на натпреварот и резултатот, а најголето водство го имаа во 40-тата минута од натпреварот преку Гоце Георгиевски за резултат 14:24. Победата на македонската репрезентација не беше доведена во прашање и на крај ракометарите на Македонија славеа со резултат 27:36.

Дејан Манасков и Филип Талески беа најефикасни ракометари и постигнаа по пет погодоци, додека за репрезентацијата на Турција најефикасен беше Каракоч Ерај со седум погодоци.

Следни натпревари на машката сениорска репрезентација се во март против селекцијата на Португалија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024