Екипите на ЖРК Металург и Ѓорче Петров со победите против ЖРК Куманово, односно ЖРК Чаир во полуфиналето од финалниот турнирот во Купот на Македонија во женска конкуренција што се игра во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци, обезбедија меѓусебна пресметка во борба за трофејот.
Првата средба помеѓу ЖРК Металург и ЖРК Куманово донесе особено интересен ракомет и максимално изедначена завршница во првиото полувреме. ЖРК Куманово во текот на целото полувреме имаше резултатска предност од два до три погодоци (10:07). На полувреме се замина со резултат 12:10.
Во второто полувреме екипата на ЖРК Куманово ја одржуваше резултатската предност, но кон средината на второто полувреме од натпреварот ЖРК Металург започна со посигурна игра во одбраната и го возпостави брз ритам на игра, најпрво успеаа да го изедначат резултатот на 18:18 во 48-та минута од натпреварот, а во 55-тата минута го имаа и најголето водство од четири погодоци (19:23). До крајот на натпреварот и покрај обидите ЖРК Куманово не успеа да направи пресврт и натпреварот заврши 21:25 (записник од натпревар).
Вториот полуфинален натпревар од ракометниот во женска конкуренција се одигра помеѓу екипите на Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Чаир. Првото полувреме беше во знакот на Ѓорче Петров, и во 22-рата минута од натпреварот го запишаа и наголемото водство од пет погодоци (08:12). Екипата на ЖРК Чаир до крајот на полувремето успеа резултатски да се врати во игра со серија 3:0. На полувреме резултатот на семафорот беше 12:14 за Ѓорче Петров ЖРК.
Ракометарките на ЖРК Чаирр успеваа да одржат резултатска неизвесност само почетните минути од второто полувреме (16:18), но веднаш потоа следуваше серија на Ѓорче Петров ЖРК од 0-5, за водство кое не го испуштија до крајот, разликата продолжи да се зголемува и во 54-тата минута го имаа најголемото водство од десет погодоци 20:30. До крајот на натпреварот ракометарките на ЖРК Чаир успеаа да ја намалат негативата и натпреварот заврши 28:32 (записник од натпревар).
Финалниот натпреваро помеѓу ЖРК Металург и Ѓорче Петров ЖРК ќе се одигра утре (15.05 недела), со почеток во 17:00 часот со директен пренос на МРТ.