РК Бутел Скопје е шампион во кадетска машка лига за сезона 2021/2022

РК Бутел Скопје е шампион во кадетска машка лига за сезона 2021/2022

Денес во Охрид во салата Билјанини извори се одиграа полуфиналните и финалните натпревари. Екипи кои учествуваа во кадетскиот машки Ф4 беа екипите на РК Пролет 62, РК Алкалоид, РК Бутел Скопје и ГРК Охрид.

Кадетскиот машки Ф4 започна со полуфиналниот натпревар помеѓу ГРК Охрид и РК Бутел Скопје. Екипата на РК Бутел Скопје беше поуспешна во овој натпревар и славеше со резултат 24:33, на полувреме 11:14.

Вториот полуфинален натпревар беше помеѓу екипите на РК Алкалоид и РК Пролет 62. Натпреварот заврши нерешено во регуларниот дел 31:31, а екипата на РК Пролет 62 промаши пенал во последните секунди од натпреварот. резултатот на полувреме беше 18:11. По изведувањето на пенали, поуспешна беше екипата на РК Алкалоид, 3:1 беше резултатот по изведените пенали.

Натпреварот за 3-то место се одигра помеѓу екипите на РК Пролет 62 и ГРК Охрид. Натпреварот заврши нерешено во регуларниот дел 40:40, а домаќините изедначувачкиот погодок го постигаа од слободен удар во последната секунда од натпреварот, на полувреме резултатот беше 18:21. По изведувањето на пенали, поуспешна беше екипата на ГРК Охрид, 5:6 беше резултатот по изведените пенали.

Во финалето се сретнаа екипите на РК Бутел Скопје и РК Алкалоид. Екипата на РК Бутел Скопје беше поуспешна во финалниот натпревар со резултат 22:20, на полувреме резултатот беше 09:11 во корист на РК Алкалоид.

Конечен пласман:
1. РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
2. РК АЛКАЛОИД
3. ГРК ОХРИД
4. РК ПРОЛЕТ 62

По завршување на натпрварот беа доделени и индивидуалните признаниа:

МВП
Петар Цветковски – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
Најдобар стрелец
Славчо Шулевски – ГРК ОХРИД
Најдобар голман
Наум Симјановски – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024