Македонската машка сениорска ракометна репрезентација на ден 22ри Декември 2021 година со почеток во 12.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје ги започнува припремните активности за настап на претстојното Европското првенство MEN’S EHF EURO 2022 во Унгарија и Словачка.
По завршување на собирот во Хотел Александар Палас македонската репрезентација со организиран превоз ќе замине за Маврово каде ќе биде одработен првиот дел од подготовките.
За време на припремниот период пред настап на Европското првенство MEN’S EHF EURO 2022 во Унгарија и Словачка, македонската селекција ќе одигра пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и Израел.
Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27ми и 29ти Декември 2021 година, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортски центар Борис Трајковски на 03ти и 4ти Јануари 2022 година за време на вториот дел од подготовките во Скопје во период од 1ви до 11ти Јануари 2022 година.
Македонската репрезентација на Европското првенство MEN’S EHF EURO 2022 се натпреварува во група А заедно со националните селекции на Словенија, Данска и Црна Гора, натпреварите ќе бидат одиграни во FONIX ARENA во Дебрецен, Унгарија.
Натпреварите на македонската ракометна селекција на Европското првенство EHF EURO 2022 се со следниот распоред:
13.01.2022 SLO-MKD 18.00 часот
15.01.2022 MKD-MNE 18.00 часот
17.01.2022 MKD-DEN 20.30 часот