Минимален пораз од Црна Гора во вториот натпревар на EHF EURO CUP

Минимален пораз од Црна Гора во вториот натпревар на EHF EURO CUP

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Црна Гора во вториот натпревар од EHF EURO CUP, натпреварот се одигра во Црна Гора, во рамки на ЕХФ неделата.

Во вториот натпревар на EHF EURO CUP, сениорската репрезентација на Македонија загуби со резултат 31:30, на полувреме 15:15.

Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи. Почетокот на натпреварот им припадна Црна Гора кои имаа водство од 3:1, но до средината на првото полувреме резултатската контрола беше на странта на нашата репрезентација и имавме водство од 3:5, па 5:7, но не успеавме да го задржиме до крајот на полувремето. На полувреме се замина со резултат 15:15.

Во второто полувреме Црна Гора со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 44-тата минута од натпреварот имаше шест погодоци предност (27:21), потоа следеше серија од 5:0 во корист на нашата репрезентација, но до крајот на натпреварот сениорките не успеаа да направат пресврт и натпреварот заврши 31:30.

За Македонија најефикасна ракометарка беше Ангела Јанкуловска со осум постигнати погодоци, додека за селекцијата на Црна Гора беше Јованка Радичевиќ со девет погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести