Младинките триумфално на ЕП: Победен и фаворитот Црна Гора

Младинките триумфално на ЕП: Победен и фаворитот Црна Гора

Пласманот на ЕП во Шпанија нашите младинки го имаа заверено уште вчера по триумфот над Холандија, па последниот натпревар со фаворитот Црна Гора беше повеќе за престиж и докажување. Во таа борба до последна секунда, до последен атом, нашите младинки ја покажаа својата сила, квалитет што го поседуваат, без притоа да се респектира ривалот.

Победата од 18-17 сега не носи на ЕП меѓу репрезентациите што сигурно нема да бидат при ждрепката во последниот барабан.

Во натпревар во кој нема што да се загуби, туку може само да се добие, Македонија во најголем дел од натпреварот имаше водство, заслужено, зашто од сам почеток покажа дека нема да го респектира противникот, туку ќе игра на победа.

Цврстите одбрани беа карактеристика на првото полувреме, поради што имаше и мал број на постигнати голови. Откако првото го доби со 9-8, им дозволивме на Црногорките да постигнат пет гола едноподруго и да поведат со 14-10. Сепак пожртвуваноста до крајот се исплати и Македонија остана стопроцентна на овој турнир.

Македонија влезе во последните пет минути од натпреварот со предност од 17-16, благодарение на силниот карактер на ракометарките. Направија серија од 3-0 за да се вратат во водство, откако предходно губеа и со 14-10.

Црногорките изедначија на 17-17, но Теодора Керамичиева погоди за 18-17, а потоа со пеколна борба, со последната капка пот македонските репрезентативки го одбранија водството кое им донесе победа.

Најефикасна во македонскиот тим е Сара Ристовска со шест гола (три од седум метри), пет додаде Керамичиева, три постигна Тодоровска и по два Стојановска и Митова.

ЕП во Шпанија ќе се одржи во Валенсија од 23 јули до 2 август.

Пласман на турнирот во Скопје

Македонија

Црна Гора

Холандија

Исланд

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести