Викендов во салата „Автокоманда“ во Скопје се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во женска конкуренција. Во финалната средба, ЖРК Куманово го совлада ЖРК Вардар со 26-18 на полувреме 12:09 и се закити со златниот медал.
Ракометарките на ЖРК Вардар успеваа да одржат резултатска неизвесност само во првите 10 минути од натпреварот, кога имаа и водство од 01-03 па 03:05, но веднаш потоа следуваше серија на ЖРК Куманово од 4-0, за водство кое не го испуштија до крајот. На полувреме се замина со 12:09 за ЖРК Куманово, а разликата продолжи да се зголемува и во второто полувреме за конечни и убедливи 26-18 за ЖРК Куманово.
На церемонијата што се одржа по завршувањето на финалето, пехарот го додели Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов.
Доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): Ангела Јанкуловска (ЖРК Куманово)
Најдобар стрелец: Ангела Јанкуловска (ЖРК Куманово)
Најдобар голман: Андреа Илиќ (ЖРК Вардар)