Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Романија во првиот бараж натпревар за пласман на СП 2021 во Шпанија.
Во првиот бараж натпревар одигран во Букурешт, Романија сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 33:22, на полувреме 15:11.
Ракометарките на Романија уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, во воведниот дел од натпреварот репрезентацијата на Романија успеа да стекне предност, а по 20 минути игра и да стигнат од максимални 12:04, водство кое сениорките успеаа да го намалат и на полувреме да заминат со негатива од четири погодоци 15:11.
Во второто полувреме започна рамноправно во кое сениорките одржуваа негатива од три погодоци, се додека не следеа пет погодоци во низа на селекцијата на Романија за предност од 22:14, до крајот на натпреварот репрезентативките на Романија усепаа да ја зголемат својата предност, конечен резултат 33:22.
За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Сара Ристовска со 8 погодоци, Моника Јанеска и Симона Стојковска постигнаа по 5 погодоци, додека за репрезентацијата на Романија листата на стрелци ја предводеше Кристина Неагу со 11 погодоци.
Реванш натпреварот во баражот за пласман на СП е на 21.04 во Скопје во СЦ “Јане Сандански” во 17:00 часот.