Машката сениорска репрезентација на Македонија со чартер лет од Скопје утринава пристигна во Ескишехир, за настап на утрешниот меч против Турција од квалификациите за ЕП 2020.
Селекторот Данило Брестовац, заедно со 16-те играчи на кои ќе смета за мечот, денеска ќе ги одработат последните подготовки во салата каде утре од 18:00 часот по македонско време ќе го одиграат натпреварот против репрезентацијата на Турција.
Македонија и Исланд имаат по 5 освоени бодови во досегашните 4 средби, додека репрезентацијата на Турција е на третата позиција на табелата со 4 бодови, потоа Грција со 2 бода. По средбата во Ескишехир, Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра во недела (16 јуни) против Грција во Струмица. Во првата средба помеѓу Македонија и Турција играна во Битола во октомври 2018, Македонија славеше со 31-27.