Женската младинска репрезентација забележа втора победа против репрезентацијата на Бугарија во вториот пријателски натпревар одигран во салата “Автокоманда”.
Денес Македонија беше поуспешна од репрезентацијата на Бугарија со резултат 31:26, на полувреме 15:11. Почетокот на натпреварот започна успешно за Бугарија и поведоа со 1-3, потоа Македонската репрезентација ја презема контролата врз играта и резултатот, поведовме со 6-4, водството до крајот на полувремето беше зголемено за конечни 15:11.
Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за на крај да бидеме поуспешни од Бугарија со резултат 31:26.
Официјален записник од натпреварот
Листата на стрелци ја предводеше Јана Калајџиевска со 9 постигнати погодоци, потоа Јована Кипријановска со 5 погодоци, додека за репрезентацијата на Бугарија најефикасна ракометарка беше Маслева Марија со 5 погодоци.