Македонија – Исланд 24:24

Вечерва во СЦ “Борис Трајковски” машката сениорска репрезентација на Македонија го одигра четвртиот натпревар против репрезентацијата на Исланд во квалификациите за ЕП 2020. Натпреварот заврши нерешено 24:24, полувреме 10:11.
 
Исланд прв поведе и успеа во период од десетина минути да одржува водство од гол до два гола разлика (4-2, 5-3). Потоа следеше десетминутен период во кој се водеше голема битка за секој гол, а Македонија во 17 минута од мечот израмни (7-7), веднаш потоа и поведе. Македонската репрезентација имаше 10-8 и два напади за да зголеми на три гола разлика, но отако не ги искористи Исланд влезе во серија и со три гола до крајот на полувремето го сврте резултатот во своја корист. На одмор се замина со резултат 11-10 за Исланд.
 
Во второто полувреме, во воведните минути, Исланд ја искористи малата хаотичност на теренот и дојде до водство со три гола разлика (15-12) и таа разлика ја одржуваше до 45 минута кога Македонија намали на 17-18. Потоа следеа минути за Македонија. Одбрана стана цврста и агресивна, во напад одговорноста ја презема капитенот и Македонија поведе со 20-18 во 50 минута. На пет минути до крајот на мечот беше 22-22, не искористивме два напада и Исланд се врати во водство (23-22).
 
Потоа следеше драматичен финиш во кој Македонија имаше два напада за победа, но на крајот мечот заврши 24-24.
 
Капитенот на Македонската репрезентација Кирил Лазар и играчот на Исланд Инги Магнусон беа најефикасни на натпреварот со по 8 постигнати погодоци.
 
Следениот натпревар на Македонија е на 12.06. против репрезентацијата на Турција во градот Ескишехир.
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00

Информација

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член