Наши пријатели

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

лог

           Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, г. Раул Гонзалез, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката.

           Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.

           Би сакале да му се заблагодариме на Ел команданте за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи.

 

 Скопје, 4-ти февруари 2019 година.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright