ЖРК Куманово шампион на Македонија во кадетска конкуренција

ЖРК Куманово шампион на Македонија во кадетска конкуренција

Ракометарките на Куманово со победа во финалето против Вардар Јуниор од 28-19, заслужено го подигнаа шампионскиот пехар во женска кадетска конкуренција за сезоната 2017/18.

На Фајнл Фор турнирот што викендов се играше во спортската сала на ДСУ Перо Наков, Куманово во првото полуфинале ја совлада Стружанка со 26-18, додека Вардар Јуниор беше подобар од Металург со 36-30. Исклучително неизввесен беше натпреварот за третото место во кој Стружанка славеше против Металург со 24-23, а во финалето, Куманово контролирајќи ја играта и резултатот во текот на сите 60 минути, заслужено стигна до триумф од 28-19.

По завршувањето на финалето, доделени беа и индивидуалните признанија за најдобар играч и најдобар стрелец и најдобар голман, а избран беше и ALL STAR тимот на турнирот. Признанието за најдобар стрелец го доби Ивана Затуроска од ЖРК Стружанка со постигнати 21 гол, за најдобар голман беше прогласена Андреа Илиќ од ЖРК Вардар, додека престижното признание за МВП на турнирот го доби Мила Трајковиќ од ЖРК Куманово.

Резултати, Кадетска женска лига Фајнл Фор:
(Полуфинале) ЖРК Куманово – ЖРК Стружанка 26-18 (15-8)
(Полуфинале) ЖРК Вардар Јуниор – ЖРК Металург 36-30 (17-16)
(За 3 место) ЖРК Стружанка – ЖРК Металург 24-23 (9-13)
(Финале) ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор 28-19 (13-5)

All Star тим:
Голман: Андреа Илиќ (ЖРК Вардар Јуниор)
Лево Крило: Теодора Домазетоска (ЖРК Стружанка)
Лев Бек: Милица Николиќ (ЖРК Вардар)
Среден Бек: Ивана Затуроска (ЖРК Стружанка)
Десен Бек: Тамара Ивановска (ЖРК Куманово)
Десно Крило: Јована Кипријановска (ЖРК Куманово)
Пивот: Сара Цветановска (ЖРК Куманово)

Најдобар стрелец: Ивана Затуроска (ЖРК Стружанка)
Најдобар играч: Мила Трајковиќ (ЖРК Куманово)

ALL STAR

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници