Летово Македонија ќе биде домаќин на кадетското женско ЕП, за девојчиња до 17 години, а ждрепката за групите ќе биде на 8 април во Скопје.
Ждрепката ќе биде во 10 часот во конференциската сала на СЦ „Борис Трајковски“
ЕП ќе се одржи од 13 до 23 август во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ и салата „Борис Трајковски“.
Барабани за ждрепката
Прв барабан: Шведска, Русија, Данска, Португалија
Втор барабан: Словенија, Романија, Норвешка, Хрватска
Трет барабан: Унгарија,Македонија, Германија, Франција
Четврти барабан: Холандија, Шпанија, Чешка, Словачка
Откако ќе биде извршено влечењето на репрезентациите од првиот, втор и четврти барабан, домаќинот, Македонија ќе може да избере во која група ќе сака да игра.