Втора победа на женската сениорска репрезентација против Италија

Денес во салата Автокоманда се одигра вториот контролен натпревар помеѓу Македонската женска репрезентација против репрезентацијата на Италија. Македонската репрезентација беше поуспешна и натпреварот заврши 29-21.

На полувреме Македонската репрезентација замина со предност од 5 гола (17-12), во второто полувреме ја задржа предноста се до крај на натпреварот. Најуспешна ракометарка во Македонската репрезентација беше Сара Ристовска со 7 погодоци, а за репрезентацијата на Италија беше Ротондо со 3 погодоци.

Официјален записник од натпреварот.

На 29.09 сениорската македонска репрезентација ке одигра уште еден натпревар против младинската репрезентација на Македонија во 16:00 часот во сала Автокоманда.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести