Голем интерес за натпреварот Македонија – Исланд, во продажба уште мал број влезници

Голем интерес за натпреварот Македонија – Исланд, во продажба уште мал број влезници

На Македонската сениорска машка репрезентација и е потребна голема поддршка за натпреварот од третото коло од Квалификациите за ЕП 2018, што во четврток (4 мај 2017, почеток: 20:00 часот) ќе се игра во Скопје. Квалитетот и реномето на противникот, селекцијата на Исланд, но и важноста на натпреварот за нашата репрезентација, која со победа сериозно ќе се приближи до пласман на ЕП, најавуваат преполни трибини во ВИП Арена „Борис Трајковски“.

Откако влезниците беа пуштени во продажба, интересот на јавноста е голем, така што на два дена до почетокот на средбата, останати се уште мал број влезници во продажба. Им препорачуваме на сите љубители на ракометот и на сите кои сакаат да им дадат поддршка на нашите репрезентативци да стигнат до посакуваната значајна победа, навреме да набават влезници за натпреварот.

Влезниците се продаваат на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, по цени од 100 денари (долни трибини – партер) и 200 денари (горни трибини). Влезниците може да се резервираат и online на интернет страницата на МК Тикетс.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024