Иако од машката Супер лига останува да се одиграат уште неколку натпревари од последното 10 коло, за ракометарите на Вардар заврши сезоната, и тие ги добија златните медали и шампионскиот пехар.
Во последното коло од плеј офот, Вардар го победи Радовиш со 35-23 и без загубен бод го освои првото место и титулата. По една година трофејот повторно се врати кај Вардар, што е нивна деветта титула во Македонија, и воедно петта двојна круна. Последен пат „црвено-црните“ се радуваа на двојната титула во 2007 година.
Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски има го врачи шампионскиот пехар на скопјани, кои следната сезона повторно ќе ја претставуваат Македонија во групната фаза од Лигата на шампионите.
Натпреварите од последното, 10 коло во Супер лигата, во плеј офот и плеј аутот се играта во среда.