Вардар освојувач на Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција

Вардар освојувач на Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција

Со победите против ривалот Металург во финалните натпревари во Купот на Македонија, Вардар се закити со престижниот трофеј и во машка и во женска конкуренција.

На машкото финале што се играше во „Билјанини Извори“ во Охрид, Металург играше добро прво полувреме во чиј најголем дел одржуваше резултатска неизвесност, сепак Вардар предводен од одличниот Арпад Штербик на голот, заедно со расположените Дибиров и Тоскиќ, успеа да го заврши полувремето со 4 гола предност (16-12). Веќе на стартот на второто полувреме разликата се искачи на 7 голови, па и покрај обидите на Металург во продолжението да ја надополни негативата, вардарци искусно го приведоа мечот кон крај за конечен триумф од 31-24 и за 11-ти трофеј од Купот на Македонија.

По завршувањето на финалето, Алем Тоскиќ беше избран за МВП на Завршниот турнир, а Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман. Прв стрелец на турнирот беше Филип Талески од Металург со 11 голови.

zrk-kup6

На финалето во женска конкунреција што се играше во Автокоманда во Скопје, изостана резултатска неизвесност откако вардарки го почнаа натпреварот со 5-0, а на средина од првото полувреме веќе поведоа и со двоцифрена разлика. Ина Суслина одбрани четири седмерци само во тоа прво полувреме, додека Вардар на пауза замина со предност од 23-8. Во рутинското второ полувреме, шанса на паркетот добија и неколку помлади ракометарки на двете страни, а Вардар ја зголеми предноста за конечен триумф од 39-21.

Токму Суслина по натпреварот ја понесе наградата за најдобар голман на Завршниот турнир, а на вардарки им припаднаа и двете останати индивидуални награди – најдобар стрелец беше Андреа Човиќ со 17 голови, додека за МВП на турнирот беше прогласена Андреа Кликовац. Ова е четврти трофеј за ЖРК Вардар во Купот на Македонија и трет во низа.

 

ФОТО: EKIPA.MK

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести