Убедлив триумф на јуниорите во првата пријателска со Бугарија

Убедлив триумф на јуниорите во првата пријателска со Бугарија

Македонската јуниорска машка репрезентација (У20), денеска убедливо ја совлада соодветната селекција на Бугарија со 31-15 на пријателската средба што се играше во Скопје.

Натпреварот што се одигра во салата Автокоманда беше првиот од двата предвидени во рамки на подготовките на нашите јуниори за Квалификациите за ЕП. Македонија и Бугарија ќе одиграат уште една средба утре, исто така во салата Автокоманда со почеток од 12:00 часот.

Нашата репрезентација постојано во текот на натпреварот се наоѓаше во водство кое константно го зголемуваше доаѓајќи до конечниот триумф од 16 голови разлика. Уште од стартот се играше ефикасно, а Македонија со реализациите на Кузмановски, Талевски, Јагуриновски и Велковски, по 10 минути игра водеше со 6-3. Тој момент означи почеток на долга серија на нашата репрезентација која не прими гол до самата последна минута од полувремето и стигна до двоцифрена позитива. Серијата ја почна Давор Палевски со три успешни реализации на контра напади, се придодадоа и Талевски и Велковски и на пауза се замина со 16-4.

Селекторот Александар Јовиќ често ротираше со составот во второто полувреме, воигрувајќи ги ракометарите и пробувајќи различни тактички варијанти, а разликата и натаму постојано се зголемуваше. Бугарија на околу 10 минути до крајот направи серија од 5-1, со која за момент намали, но реализациите на Димитриоски, Анастасовски, Давитковски и Кукуловски дополнително ја зголемија разликата до крајот. Највпечатливи во нападот во тоа второ полувреме беа Трпчевски, Јагуриновски, Димитриоски и Крстевски. Рутинската завршница ги донесе конечните 31-15.

Стрелци за Македонија: Талевски 5, Палевски 4, Димитриоски 4, Јагуриновски 4, Трпчевски 4, Велковски 3, Кузмановски 2, Крстевски 2, Кукуловски 1, Давитковски 1, Анастасовски 1

ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

За потсетување, Јуниорската репрезентација на Македонија во периодот од 8 до 10 април ќе настапи на Квалификациски турнир за ЕП 2016 што ќе се игра во Швајцарија. Противници на нашата селекција во квалификациската група се Црна Гора, Фарски Острови и домаќинот Швајцарија.

DSC_8257

MJI_8264

MJI_8393

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести