Спортската Академија ќе учествува на Балканско ракометно првенство за кадети во Бугарија

Спортската Академија ќе учествува на Балканско ракометно првенство за кадети во Бугарија

Вкупно 37 млади ракометари и ракометарки од Националната Спортска Академија од генерацијата 1998 и помали, утре вечер патуваат за Габрово, Бугарија, каде од петок до недела ќе учествуваат на Балканско Првенство за кадети.

Покрај Македонија која ќе биде претставувана од по една екипа во машка и женска конкуренција, на Првенството ќе учествуваат и соодветните репрезентации на Романија, Косово и домаќинот Бугарија.

Според распоредот, двете наши екипи ќе одработат по еден тренинг во четврток во спортската сала во Габрово, а со натпреварувачкиот дел од турнирот почнуваат во петок, кога на отворањето ќе се сретнат со селекциите на Бугарија. Во сабота следуваат натпреварите против Романија, додека на последниот ден, противник на нашите ракометари и ракометарки ќе биде Косово.

Свечената церемонија за доделување на пехари, медали и признанија е ќе се одржи во недела во 16:00 часот по локално време во Бугарија, по што е предвидено враќањето за Скопје.

Кадетско Балканско Првенство 2015 – Распоред на натпревари (локално време):

20.11.2015 – петок
12:00 Македонија жени – Бугарија жени
14:00 Македонија мажи – Бугарија мажи

21.11.2015 – сабота
12:00 Романија жени – Македонија жени
14:00 Романија мажи – Македонија мажи

22.11.2015 – недела
09:00 Македонија жени – Косово жени
10:50 Македонија мажи – Косово мажи

За ракометните паралелки од Националната Спортска Академија ова ќе биде веќе втор меѓународен настап во текот на оваа учебна година, откако во септември со 7 екипи (4 машки и 3 женски) учествуваа на Mеѓународниот турнир во Брашов, Романија, каде обезбедија две златни и две сребрени медали.

 

Фото: Момент од завршната церемонија на Меѓународниот турнир во Брашов

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како