Селекторот на Женската Сениорска Репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот од 19 ракометарки кои се повикани на првиот тренинг на репрезентацијата, закажан за 01.10.2015 во 18:00 часот во СРЦ Кале.
Женската Сениорска Репрезентација ги почнува квалификациите за Европското Првенство 2016 година што ќе се одржи во Шведска, а се наоѓа во група со Црна Гора, Словенија и Хрватска. Првиот натпреавар го играме на 7 октомври против Црна Гора на гостински терен, додека втората средба ќе се игра во Скопје на 10 октомври кога противник ќе ни биде Хрватска.