Собир на Женска младинска репрезентација

Собир на Женска младинска репрезентација

ВД Селекторот на Женската младинска репрезентација на Македонија (до 19 години), Борче Марковски, го објавува списокот на ракометарки повикани за собир за подготовки за квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на ЕП 2017 во Словенија.

Собирот ќе се одржи во недела (26 февруари 2017) со почеток од 10:00 часот во СРЦ Кале во Скопје.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:

Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Јована Трајковска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Ана Станикевска, Мери Арсениевска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филиповска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Моника Георгиевска, Стефанија Тасевска, Јована Владева, Ања Велкова.

Квалификацискиот турнир за пласман на ЕП 2017 во Словенија ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март 2017 година, а натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале. Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобропласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на Континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024