Сениорките поразени во Словенија

Сениорките поразени во Словенија

Сениорската  женска репрезентација на Македонија доживеа пораз од 35-17 на гостувањето кај Словенија во рамки на Квалификациите за ЕП 2016. 

На натпреварот игран во Марибор, Словенија со цврста одбрана и успешни контра напади уште од почетокот, го превзема водството кое достигна до резултат 17-3 по 20 минути игра. Нашите ракометарки ја консолидираа играта до полувремето и намалија на 18-8, но иако солидно го почнаа и второто полувреме, Словенија со нова одлична игра во одбраната на која се придодадоа и расположените голманки, ја зголемија предноста за конечен триумф од 35-17.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Теодора Керамичиева со 5 постигнати голови, додека по 3 пати реализираа Саздовска и Гакидова. Кај Словенија, Барбара Лазовиќ беше најефикасна со 6 погодоци.

Ова беше трет натпревар од Квалификациската група за ЕП за нашата репрезентација, а четвртиот се игра веќе во сабота, против истиот противник, но во Скопје. Македонија и Словенија ќе се сретнат во СРЦ „Кале“ од 20:00 часот. Влезот за тој натпревар ќе биде слободен.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести