Сениорките го завршија настапот на силниот Карпати Трофеј

Сениорките го завршија настапот на силниот Карпати Трофеј

Сениорската женска репрезентација на Македонија викендов одигра три силни подготвителни натпревари на меѓународниот турнир во Крајова на кој учествуваа уште Полска, Романија и Бразил.

Избраничките на Симе Симовски во рамки на женската ЕХФ недела, покрај неколкудневните тренинзи во Скопје, настапија и на Карпати Трофеј кој се играше во периодот од 24 до 26 ноември.

Нашите ракометарки на првиот меч беа поразени од Бразил со 19-32 (13-16), на втората средба загубија од домаќниот Романија со 31-18 (18-5), додека третиот натпревар со Полска заврши со резултат 32-25 (19-15) за Полска. Трите репрезентации кои беа противници на нашите ракометарки се подготвуваа за настап на Светското Првенство што во периодот од 1 до 17 декември 2017 година ќе се одигра во Германија.

Нашата женска сениорска репрезентација натпреварите ги искористи како подготовка за продолжението на Квалификациите за ЕП 2018, каде сме во група со Шведска, Србија и Фарски Острови.

Следните натпревари од групата се играат на крајот на март 2018 кога најпрво ќе гостуваме на Фарски Острови, а потоа со истата репрезентација ќе играме и на домашен терен. Квалификациите за ЕП ќе завршат со натпреварите против Шведска дома и Србија на гости на крајот на мај, односно почетокот на јуни 2018 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00