Сениорите се пласираа на 2026 European Men’s Handball Championship

Машката сениорска селекција обезбеди пласман на 2026 European Men’s Handball Championship кое ќе се оддржи во (Данска, Норвешка и Шведска) во период од 15 ти Јануари до 01 Февруари 2026.

За рамки на машката ЕХФ Недела , ракометарите ги оддиграа натпреварите од 5-тото и 6-тото коло во квалификациите за пласман на 2026 European Men’s Handball Championship.

Во рамки на 5-тото коло нашите најдобри ракометари гостуваа во Талин, Естонија и оддиграа натпревар против селекцијата на Естонија. Нашите најдобри ракометари запишаа висока натпревар во овој натпревар 17:36.

Во последното коло нашите ракометари исто така запишаа уште една убедлива победа овој пат за противник ја имаа селекцијата на Литванија, а натпреварот што се оддигра во СЦ Јане Сандански заврши со резултат 26:17.

Македонската сениорска селекција со овие две победи обезбеди учество на 2026 European Men’s Handball Championship, а противниците во групата фаза на ЕП нашите ракометари ќе ги дознаат на 15.05.2025 на извлекувањето кое ќе биде оддржано во Данска.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести