РК Вардар 1961 го освои Куп на Македонија

РК Вардар 1961 го освои Куп на Македонија

Во СС “Билјанини извори” во Охрид во период од 31.05/01.06.2025 се одржа Фајнл Фор турнирот во Куп на Македонија во машка конкуренција.

Во првото полуфинале се сретнаа екипите на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид, а натпреварот беше решен по изведувањето на пенали. Во пенал рулетот поуспешени беа ракометарите на РК Вардар 1961. Конечниот резултат на средбата беше 28:28, пен. 4:3.

Втората полуфинална средба беше помеѓу домаќинот ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер. Во овој натпревар победа славеше РК Еурофарм Пелистер , а конечниот исход од средбата беше 27:23.

Во финалната средба оддигана на 01.06.2025, екипата на РК Вардар 1961 ја совлада екипата на РК Еурофарм Пелистер и го освои купот на Македонија, а крајниот резултат на средбата беше 31:27.

Индивидуални признаниа:

  • Најдобар голман: Мигуел Еспиња (РК Вардар 1961)
  • Најдобар стрелец: Филип Кузмановски (РК Еурофарм Пелистер)
  • Најкорисен играч: Томислав Јагуриновски (РК Вардар 1961)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Сезона 2025/2026

ПРВОТО полагање за Лиценца и за Категорија ке биде одржано на: -14.06.2025 (сабота) во Општина БИТОЛА во 12:00 h. -15.06.2025 (недела) во просториите